Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Навиката за селекција на отпад како дел од културата на живеење на секој жител- цел на медиумската кампања за подигање на свеста кај населението за рециклажа на стаклена амбалажа
6 април 2021
 

Во организација на ЗЕЛС, ГИЗ и Агенцијата „Публицис“ на 02 април, 2021 година беше организирана онлајн работилница за тимовите од општините: Гевгелија, Битола, Илинден, Тетово, Штип и од Град Скопје. Ова се единиците на локална самоуправа (ЕЛС) од нашата земја што учествуваат во реализацијата на регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. На работилницата беа поканети лицата за односи со јавноста од овие општини и од нивните комунални претпријатија, потоа лицата одговорни за управување со социјалните медиуми и контакт лицата одговорни за реализација на активностите утврдени во Проектот. Пред присутните беше презентирана содржината на регионалната медиумска кампања за подигање на свеста кај населението за рециклажа на стаклена амбалажа, подготвена во рамките на Проектот. Посебно внимание беше посветено на делот на креирање на содржините за социјалните медиуми, а исто така, се говореше и за целите на Проектот и процесот на нивната реализација.


Количината на собрана амбалажа од рециклирано стакло во регионот, но и во нашата земја, сè уште е далеку под просекот на земјите од Европската унија, каде се рециклира 70% стаклена амбалажа. Во Србија се рециклира 44% од отпадот од стаклена амбалажа, во Босна и Херцеговина -12% а во нашата земја се оперира со бројка од околу 30%. Стаклото за да се распадне потребни се 5.000 години. Тоа се повеќе се третира како непроценлива суровина, а не отпад, која 100% може да се употреби во безброј циклуси на повторно производство. Од таму произлезе потребата за реализација на еден регионален Проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“ што го поддржа ЗЕЛС и во кој ги вклучи овие пет општини и градот Скопје.

Во Проектот учествуваат вкупно 14 градови и општини од трите земји: Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, во кои се реализираат активности во насока на остварување на главната цел -воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот. Во таа насока се преземаат активности за воспоставување на соодветна инфраструктура на контејнери за одложување на стаклото во пилот- општините и зголемување на собраните количини на стакло за 20% како и развивање на бизнис модели за урбана и рурална општина и ХОРЕКА модел, што во следниот период ќе послужат како урнек за успешно управување со отпад од стакло и во другите општини.

Во месец март, сите шест единици на локална самоуправа добија нови контејнери за рециклирање на стакло. Односно, во рамките на проектот Град Скопје доби вкупно 122 зелени контејнери, Штип-60; Тетово -45: Битола-40; Илинден -28 и Гевгелија -25 контејнери за рециклажа на стакло. Со тоа беше обезбедена соодветна инфраструктура на вакви контејнери кои ќе им овозможат на граѓаните да ја одлагаат рециклираната стаклена амбалажа во близина на своето место на живеење. Обврската на локалната власт е во следниот период во континуитет да ги следи собраните количини на стаклен отпад, а крајната цел е нивно зголемување за најмалку 20% во однос на периодот пред започнувањето на Проектот. За таа цел во рамките на Проектот е предвидено спроведување на регионална медиумска кампања за подигање на свеста кај населението за рециклажа на стаклена амбалажа, што треба да се реализира во сите општини и градови, учеснички во Проектот. Токму активностите предвидени во кампањата, алатките за комуникација со медиумите и со јавноста, вклучително и изготвените материјали (логотип, слоган, налепница на контејнери; плакати; ауди-видео анимација, лифлети) беа дел од содржината изнесена на работилницата пред присутните претставници од локалните власти. Целта е навиката за селекција на отпад да претставува дел од културата на живеење на секој жител. Односно граѓаните да станат вистинските партнери на општината во обезбедувањето на поголеми количини на собрано стакло од тегли, шишиња, шишенца од детска храна,не само при реализацијата на овој проект туку и засекогаш во иднина со цел обезбедување на убав изглед на својата околина, заштита на животна средина и намалени количини на комунален отпад во депониите.


ЗЕЛС, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) е партнер во имплементација на проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de. Оваа програма (DeveloPPP.de) на Германското сојузно министерство за соработка и развој е насочена кон градење и развој на соработка меѓу јавниот и приватен сектор на локално ниво.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.