Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Покана за аплицирање за „Најдобра практика за IODP награда за учество на граѓаните“ до 30 април 2021 година
13 април 2021
 

Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (IODP) (https://oidp.net/en/) ги поканува сите општински и регионални власти да ја разгледаат апликација за „Најдобра практика за IODP награда за учество на граѓаните“ и да достават свој предлог за 15-то издание на наградата. Крајниот рок за доставување предлози во кои треба да се препознаат иновативните искуства и јавните политики за учество на граѓаните, демократските иновации и отворена влада е 30 април 2021 година.

Предлозите мора да се достават на електронската пошта, award@oidp.net со целосен формулар за апликација и прилози, како што се слики, видеа, документи. На веб страницата на United Cities and Local Governments (UCLG) (https://www.uclg.org) може да се најдат повеќе информации за условите и начинот на доставување предлог. За наградата IODP аплицираат членките на оваа мрежа. Но, може да се стане членка на едноставен начин, само со пополнување на образецот за членство ( https://oidp.net/en/form.php) без никакви финансиски или правни обврски.

На веб страницата (https://oidp.net/distinction/en/) може да се најдат повеќе информации за термините (https://www.oidp.net/docs/repo/doc944.pdf) и како да се достави предлогот: (https://www.oidp.net/docs/repo/doc944.pdf)

Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (IODP )

Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (The International Observatory on Participatory Democracy (IOPD)) е меѓународна мрежа отворена за сите градови, организации и истражувачки центри заинтересирани за учење, размена и примена на искуства од партиципативната демократија на локално ниво. IOPD е дел од општинското движење претставено од глобалната организација Обединети градови и локални самоуправи (УЦЛГ).На годинешната конференција на ИОПД ќе се дебатира и шири свеста за моменталната состојба на партиципативната демократија во светот меѓу експерти и политички лидери, а преставува можност за зајакнување на соработката помеѓу градовите и меѓународните организации во областа на демократските иновации. Оваа година конференцијата ќе се одржи од 23-ти до 25-ти август во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска, каде што ќе биде доделена наградата.

назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.