Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

„Инклузивно управување со ризици од катастрофи“-регионален вебинар наменет за општинската администрација
6 април 2021
 

„Инклузивно управување со ризици од катастрофи“ беше темата на регионалната онлајн обука ( вебинар) што се одржа на 18 март, 2021 година. Околу стотина претставници на општинската администрација од нашата земја, како и претставници од општините од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово се запознаа со чекорите што треба да ги преземе општината за да развие инклузивен план за управување со ризици од катастрофи, кој ги вклучува потребите на ранливите групи, а се говореше и за концептите за инклузивно управување со ризици од катастрофи на локално ниво. Процесот на управување со ризици од катастрофи треба да биде инклузивен, да се заснова на пристапот базиран на човекови права истовремено применувајќи го принципот „Никој да не биде изоставен“. Обуката се одвиваше на англиски јазик, со симултан превод на македонски,на албански и на српски јазик.

Присутните ги изнесоа и предизвиците со кои соочуваат општините во овој домен. Беше истакнато дека тие најчесто се фокусираат на одговор при катастрофи, додека активностите за превенција на ризици и подготовка за соодветен одговор, не се на потребното ниво. Целиот системот за управување со кризи се уште е многу централизиран и има изразена вертикална хиерархија. Затоа е потребно да се вложат зголемени напори за дополнително децентрaлизирање и обезбедување на соодветни финансиски ресурси во овој домен. Беше посочено дека иако справувањето со последици од пандемијата со КОВИД – 19 најголемиот товар го преземаат здравствените институции, сепак локалните механизми за справување со катастрофи на терен обезбедуваат значителен одговор на потребите на заедниците.



На обуката беше посочено дека на глобално ниво интензитетот на природните катастрофи значително се зголеми, со бројни поплави, земјотреси, шумски пожари, екстремни температури, а веќе една година е присутна пандемијата со КОВИД-19. Овие катастрофи предизвикуваат значителни човечки и материјални штети, долгорочни економски последици и застој во целокупниот развој на општеството. Затоа е потребно повисоко ниво на подготвеност за соодветен одговор на овие состојби. Улогата на општината е клучна во сите фази на управување со ризиците од катастрофи: за преземање на превентивни мерки; подготовка на локални планови за управување со ризици од катастрофи; брз, ефикасен и соодветен одговор во услови на катастрофи; и обезбедување соодветни мерки за закрепнување. Односно, општините како власт најблиска до граѓаните има значајна улога во превенција и управување со кризите на локално ниво. Во оваа насока од општините пред се се очекува да: (1) воспостават механизми за справување со катастрофи на локално ниво кои ќе бидат институционализирани; (2) имаат централна улога во координирањето на локалните механизми; (3) ги зајакнат капацитетите на претставниците на сите институции вклучени во локалните механизми за разбирање на концептот за инклузивно управување со ризици од катастрофи.

Нагласено беше дека катастрофите имаат поголемо влијание врз најранливите категории граѓани (жените и децата, старите, лицата со попреченост, лицата кои живеат во сиромаштија). Така, на пример, смртноста на лицата со попреченост е два до четири пати поголема во однос на оние кои се без попреченост. Исто така, лицата кои се социјално исклучени, или се наоѓаат во социјален ризик, ги чувствуваат ефектите од катастрофите многу повеќе отколку останатите, се соочуваат со уште поголемо исклучување и сиромаштија, а нивните потреби недоволно се препознаени од сите релевантни чинители. Сето ова посочува дека општините треба да обезбедат инклузивно управување со ризиците од катастрофи, да ги зајакнат напорите за вклучување на ранливите лица, кои се диспропорционално погодени од катастрофи, во механизмите за справување со катастрофи на локално ниво. Исто така општините треба да вложат напори и за обезбедување на податоци кои се разделени по пол, возраст, попреченост итн, за бидат во можност да креираат соодветни локални политики за намалување од ризици од катастрофи.



Презентирани искуствата на Тирана и на Краљево

Од Општина Тирана (Албанија) беа нагласени искуствата во фазата на подигање на подготвеноста за соодветен одговор при катастрофи. Идентификувани се областите со повисок ризик, како и ранливите групи на нејзина територија и има воспоставено систем за рано предупредување преку користење на новите технологии. Во случаи на катастрофи земена е предвид и потребата за соодветна психо – социјална поддршка на лицата кои се погодени од катастрофи. Како предизвик беше нагласена се уште недоволно развиена правна рамка и соодветни човечки ресурси, како и потребата за обезбедување на соодветно координирање и мобилизирање на сите засегнати страни: општина, владини институции, невладини организации и приватен сектор при управувањето со ризиците од катастрофи.

Општина Краљево (Србија) има воспоставено локален механизам за цивилна заштита кој е институционално поставен и во кој се вклучени претставници на државните институции, невладините организации и приватниот сектор, а истовремено овозможено е и учество на ранливите категории граѓани. Општината ги координира активностите во доменот на цивилна заштита, спроведува процена на ризици, подготвува планови за спасување, и прави процена на потребите после катастрофите, а наодите ги презентира на сите засегнати страни. Во рамки на општината, преку меѓуопштинска соработка, воспоставен е Регионален тренинг центар за цивилна заштита. Центарот редовно спроведува обуки во кои се вклучени сите членови на заедницата, вклучително и учениците.

Вебинарот претставува дел од активностите на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“, имплементиран од НАЛАС во соработка со ЗЕЛС и здруженијата на локалните власти од Западен Балкан, а со поддршка на регионалниот проект „Социјални права за ранливи групи“. Регионалниот проект го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ).







назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.