Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Повик за учество на е-курсеви
25 март 2021
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС објавува повик за учество на е-курсеви за социјални пристапи за административните службеници кои вршат административни работи во областа социјална заштита во општините, општините во Градот Скопје и Град Скопје

Информации за е-курсевите

Е-курсевите имаат цел да ги зајакнат капацитетите на општините и општинската администрација во областа на социјална заштита за примена на пристапи за испорака на социјални услуги кои ќе придонесат кон унапредување на социјалната инклузија на локално ниво и подобрување на условите на живеење на ранливите категории граѓани.

Во таа насока, предвидени се пет е-курсеви на кои се обработуваат следниве пристапи во испорака на социјалните услуги:

§ Воспоставување на дневни центри како услуги за поддршка на семејството и услуги кои се базирани во заедницата;

§ Подигнување на свеста во заедницата за унапредување на социјалните права на ранливите категории, недискриминација и инклузија на локално ниво;

§ Воспоставување на форум за социјален дијалог како партиципативен механизам за креирање на локални социјални политики и услуги за ранливите групи;

§ Воспоставување на мобилни тимови за испорака на основни социјални услуги до ранливите категории во нивното непосредно окружување;

§ Инклузивно управување со ризици од катастрофи преку вклучување на ранливите категории граѓани во планирањето и подготовката на локалните сили за справување со катастрофи.

Е-курсевите се дел од платформата на НАЛАС за е-учење, а ќе се спроведуваат во период од четири недели, на англиски јазик.

Учесниците ќе имаат можност да ги зајакнат своите знаења за примена на пристапите за испорака на социјални услуги преку современи, интерактивни, онлајн алатки за учење.

Низ целиот процес на учење, учесниците ќе добиваат поддршка од страна на фацилитатор и ќе имаат можност за размена на искуства и знаења со нивни колеги од регионот на Западен Балкан. По успешно завршениот курс, учесниците ќе се стекнат со сертификат издаден од страна на НАЛАС – Мрежата на локални власти од Југоисточна Европа.

Петте курсеви ќе се спроведуваат согласно календарот во прилог на овој повик.

Е-курсевите се наменети за:

ü административните службеници кои вршат административни работи во областа социјална заштита, вработени во општините, општините во Град Скопје и Град Скопје;

ü професионалци кои се мотивирани да го применат стекнатото знаење и да придонесат кон унапредување на политиките на општината во доменот на социјалната заштита.

Поволности за општините кои ќе учествуваат на е-курсевите (можности за поддршка во спроведување на пристапите за испорака на социјални услуги)

Општините чии претставници успешно ќе завршат соодветен курс, ќе имаат можност да аплицираат во рамки на проектот за стручна и финансиска поддршка неопходна за воспоставување на соодветниот пристап за испорака на социјални услуги. Исто така, проектот ќе им овозможи на општините и нивните претставници да земат активно учество на воспоставени кластери за учење како механизми за практична размена на искуства помеѓу практичарите од регионот.

Постапка за пријавување и избор на учесници

Секој заинтересиран/a претставник/чка на општинската администрација потребно е да пополни и достави образец за пријавување.

Бројот на учесници за секој од е-курсевите е ограничен, но општините може да се одлучат за учество на повеќе од еден курс.

Комисија составена од ГИЗ, НАЛАС и ЗЕЛС (ЗЕЛС без право на глас) ќе ги евалуира обрасците за пријавување доставени од општинските професионалци врз база на однапред утврдени критериуми и ќе го направи изборот на учесниците за курсевите.

Пополнетиот образец треба да се испрати по електронски пат на следниве адреси: contact@zels.org.mk и blagorodna.shopova@zels.org.mk најдоцна до 30 март 2021 година, со назнака во мејлот Subject 01/2021_е-learning courses.

Краен рок за пријава е 30.03.2021 година, до 16:30 часот.

Прилози:

  1. Календар на е-курсеви
  2. Образец за пријавување за учество на е-курс

Е-курсевите се развиени и се испорачуваат во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од НАЛАС во соработка со GIZ, а во име на германското Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ).

Календар

Пријава

Брошура - Воспоставување на дневни центри како услуги за поддршка на семејството и услуги кои се базирани во заедницата

Брошура - Подигнување на свеста во заедницата за унапредување на социјалните права на ранливите категории, недискриминација и инклузија на локално ниво

Брошура - Воспоставување на форум за социјален дијалог како партиципативен механизам за креирање на локални социјални политики и услуги за ранливите групи

Брошура - Воспоставување на мобилни тимови за испорака на основни социјални услуги до ранливите категории во нивното непосредно окружување

Брошура Инклузивно управување со ризици од катастрофи преку вклучување на ранливите категории граѓани во планирањето и подготовката на локалните сили за справување со катастрофи




назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.