Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:
16 април 2021
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:

Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи

Општи потребни квалификации на еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи:

· Државјанин на РСМ

· Високо образование – Правен факултет;

· Најмалку 5 години соодветно работно искуство во областа на нормативно - правните работи;

· Напредно познавање на законската регулатива од областа на локалната самоуправа, работните односи и заштитата при работа, јавните набавки, заштитата на личните податоци.

· Општи познавања на прописите со кои се уредуваат областите во надлежност на единиците на локалната самоуправа во Репбуликата.

· Поседување на сертификат за спроведување на јавни набавки

  • Одговорен/а и подготвен/а да работи и независно и во тим
  • Компјутерски вештини MS Office апликации
  • Одлично писмено и устно познавање на англиски јазик,

o Опис на работното место:

· Подготовка на нормативно - правни акти, изготвување на решенија, договори во врска со остварување на правата од работен однос на вработените во стручната служба на ЗЕЛС.

· Спроведување на постапки за јавни набавки согласно Закон и изготвување на пропратни правни акти во пoстапките, вклучително и следење на ажурноста и роковите во постапките за што навремено го известува непосредниот Раководител.

· Изготвување на анализи, прибирање на систематизирани податоци за потребите на единиците на локалната самоуправа, обработка на информациите, изготвување на иницијативи за подобрување на прописите и други активности поврзани со развојот на системот на локална самоуправа во Републиката;

· Следење на прописите предмет на работа на работните тела и органи на заедницата;

· Изготвување и подобрување на работните текстови произлезени од работните тела и органи за ЗЕЛС;

· Работникот врши и други работи кои ќе му ги определи непосредниот Раководител и Извршниот директор а се поврзани со делокругот на работа на ЗЕЛС.

· Способности и вештини:

· Комуникациски вештини, самоиницијативност и проактивност, висок степен на креативност и флексибилност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, тимска работа, способност за работа под притисок на рокови, посветеност на работата.

Начин на спроведување на избор на кандидат

· Писмен испит за тестирање на знаење во кој ќе се содржат прашања од областите опишани како работни задачи и квалификации,

· Интервју пред конечен избор на селектираните кандидати по писмениот испит.

Месечна плата:

o За работна позиција е предвидена плата во нето износ од: 32.555,00 денари.

Биографијата и писмото за интерес треба да се достават во рок од 5 (пет) дена по објавување на огласот во дневен весник, на адреса: ЗЕЛС, Копенхагенска бр.5, Поштенски фах 32, 1000, Скопје или на contact@zels.org.mk.

Само селектирани кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Ве молиме без телефонски јавувања.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.