Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

16 април 2021
Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи Општи потребни квалификации на еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи:
13 април 2021
Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (IODP) (https://oidp.net/en/) ги поканува сите општински и регионални власти да ја разгледаат апликација за „Најдобра практика за IODP награда за учество на граѓаните“ и да достават свој предлог за 15-то издание на наградата. Крајниот рок за доставување предлози во кои треба да се препознаат иновативните искуства и јавните политики за учество на граѓаните, демократските иновации и отворена влада е 30 април 2021 година.
6 април 2021
Во организација на ЗЕЛС, ГИЗ и Агенцијата „Публицис“ на 02 април, 2021 година беше организирана онлајн работилница за тимовите од општините: Гевгелија, Битола, Илинден, Тетово, Штип и од Град Скопје. Ова се единиците на локална самоуправа (ЕЛС) од нашата земја што учествуваат во реализацијата на регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. На работилницата беа поканети лицата за односи со јавноста од овие општини и од нивните комунални претпријатија, потоа лицата одговорни за управување со социјалните медиуми и контакт лицата одговорни за реализација на активностите утврдени во Проектот. Пред присутните беше презентирана содржината на регионалната медиумска кампања за подигање на свеста кај населението за рециклажа на стаклена амбалажа, подготвена во рамките на Проектот. Посебно внимание беше посветено на делот на креирање на содржините за социјалните медиуми, а исто така, се говореше и за целите на Проектот и процесот на нивната реализација.
6 април 2021
„Инклузивно управување со ризици од катастрофи“ беше темата на регионалната онлајн обука ( вебинар) што се одржа на 18 март, 2021 година. Околу стотина претставници на општинската администрација од нашата земја, како и претставници од општините од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово се запознаа со чекорите што треба да ги преземе општината за да развие инклузивен план за управување со ризици од катастрофи, кој ги вклучува потребите на ранливите групи, а се говореше и за концептите за инклузивно управување со ризици од катастрофи на локално ниво.
30 март 2021
Резултати од испитот за Закон за градежно земјиште – практичен дел одржано на 30.03.2021 од 09.50 до 10.50 часот
30 март 2021
Резултати од испитот за Закон за градежно земјиште – теоретски дел одржано на 30.03.2021 од 08.30 до 09.30 часот
26 март 2021
“Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“ беше насловот на конференцијата што се одржа на 25 март, 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје, што беше организирана во рамките на Проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ што го спроведува Институтот за демократија со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје.
25 март 2021
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС објавува повик за учество на е-курсеви за социјални пристапи за административните службеници кои вршат административни работи во областа социјална заштита во општините, општините во Градот Скопје и Град Скопје
24 март 2021
Во организација на ЗЕЛС на 24 март, 2021 година се одржа онлајн обука преку ZOOM платформата за корисниците од општините од ИТ секторот за користење на алатките од електронската платформа www.rob.zels.org.mk. Оваа активност е во рамките на проектот “ Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање “ (2019-2021) и се однесува на презентирање на новитетите, односно доградбата со нови алатки кои треба да придонесат кон презентирање на родово разделени податоци од општините на едно место.
24 март 2021
Теренски услуги и мобилни тимови за ранливите групи граѓани“ беше темата на онлајн обуката (вебинар) што беше организирана на 04 март, 2021 година за претставници од општинската администрација од областа на социјалната заштита. Обуката ја проследија околу седумдесетина учесници од нашата земја а, учествуваа и претставници од општините од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Вебинарот се одвиваше на англиски јазик, со симултан превод на македонски, албански и српски јазик.

Погледнете во нашата архива на вести
Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.